Дома Останати Кошарка Шпанецот воодушеви со својот потег: Пол Гасол се дружеше со ќерките на Коби Брајант (ФОТО)

Шпанецот воодушеви со својот потег: Пол Гасол се дружеше со ќерките на Коби Брајант (ФОТО)

Целиот свет пред половина година беше во шок по објавата на веста дека во хеликоптерска несреќа животот го загубил Коби Брајант.

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња кон крајот на јануари настрада во хеликоптерска несреќа во близина на Лос Анџелес. Покрај него во падот на хеликоптерот животот го загуби и неговата ќерка, како и уште осум лица.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трагичната вест го погоди и легендарниот Пол Гасол. Шпанецот беше скршен откако му беше соопштено и уште тогаш вети дека ќе се грижи за семејството на Коби и ќе им биде на располагање кога и тоа да е потребно.

Дека тоа не беа само зборови покажа Ванеса Брајант со фотографиите на Инстаграм. Сопругата на Коби објави фотографии на кои се гледа дека Гасол дошол да ги посети и да се дружи со нив. Секако потег за пофалба на поранешниот кошаркар на Лејкерси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ: Коленото ми беше полошо, не можев и да дишам…

Лука Дончиќ го водеше Далас до нова победа победа против Клиперс со која Мавс го вратија в…