Дома Фудбал Италија Шпекулациите завршија, Интер доби нов тренер!

Шпекулациите завршија, Интер доби нов тренер!

Она што и се претпоставуваше сега е официјално, Лучијано Спалети е нов тренер на Интер.

Спалети ја водеше екипата на Рома во минатата сезона, но не освои ниту еден трофеј, иако „Волчицата“ под негово водство играше добар фудбал и во еден дел од сезоната претендираше за титулата во Серија А.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На крајот Спалети сепак го напушти Рим, долго се шпекулираше дека ќе премине во Интер, а денес клубот од Милан и официјално потврди дека тој ќе биде нивниот нов тренер.

Спалети пред Рома работеше во Зенит, а во Интер ќе се обиде да најпрво добро да го одработи преодниот рок, а потоа и да го врати Интер во самиот врв на италијанскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Свршеницата на Роналдо објави фотографија од 18 милиони евра (Фото)

Кристијано Роналдо минува низ тежок период во Саудиска Арабија, но изгледа дека неговата п…