Дома Фудбал Англија Дали овој податок откива дека Матиќ е клучен играч на Јунајтед!?

Дали овој податок откива дека Матиќ е клучен играч на Јунајтед!?

Немања Матиќ на почетокот на сезоната беше во втор план кај Солскјер, дури се шпекулираше со заминување, но Србинот сега повторно е клучен играч во Манчестер Јунајтед.

После проблемите со повредата во ноември, Матиќ постепено ја креваше формата и од јануари е практично незаменлив во тимот на „црвените ѓаволи“.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Матиќ на последните 13 меча на Јунајтед во Премиер лигата беше во тимот на 12, а на 11 беше во првиот тим.

Со Матиќ во тимот Јунајтед делува многу посигурен во дефанзива, а колку е значаен за одбраната зборува фактот дека Јунајтед не примил гол на 16 од 22 натпревари во Премиер лигата кога Србинот играл.

„Црвените ѓаволи“ се во битка за пласман во Топ 4 и имаат два бода помалку од Челзи, но и натпревар повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инзаги потпиша за Ал Хилал. Ќе заработува 26 милиони евра по сезона

СИМОНЕ ИНЗАГИ (49) потпиша договор за две години со Ал Хилал.. Фабрицио Романо објави дека…