Размената Пјаниќ – Артур помеѓу Барселона и Јувентус е завршена работа, фудбалерите во текот на вчерашниот ден ги поминаа и медицинските прегледи.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако се уште зделката не е официјалзирана на интернет веќе се појави фотографија од дресот и бројот кој ќе го носи Пјаниќ во Барселона. Според таа фотографија Пјаниќ во новиот клуб ќе го носи дресот со број 8.
Овој број на „Камп Ноу“ има статус на легендарен затоа што своевремено го носеше Андрес Иниеста.
Ќе потсетиме во Јувентус Пјаниќ носеше „петка“, а последен пат играше со „осмица“ на грбот во Лион тогаш тој број го наследи од легендарниот Жунињо.
