Дома Топ вести Падна договор: Хакими во вторник на прегледи во Милано

Падна договор: Хакими во вторник на прегледи во Милано

Италијанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид и Интер ги договориле и последните детали од трансферот на Ашраф Хакими.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Десниот бек веќе има договор со „нероаѕурите“, а Интер и Реал Мадрид ги договарија последните детали од транасферот.

Хакими со Интер ќе потпише 5-годишен договор според кој ќе заработува 5,5 милиони евра по сезона. „Нероаѕурите“ на Реал ќе му платат 40 милиони евра плус 5 милиони во форма на бонуси.

Хакими оваа сезона игра на позајмица во Борусија Дортмунд и блеска во дресот на „милионерите“ каде на 40 меча на кои постигна 9 гола и запиша 10 асистенции.

22-годишниот Мароканец беше најголема трансфер желба на тренерот Антонио Конте, а според последните информации во вторник треба да пристигне во Милано на лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…