Дома Фудбал Финалето од ЛШ под знак прашалник: Епидемијата се разгоре во Лисабон

Финалето од ЛШ под знак прашалник: Епидемијата се разгоре во Лисабон

УЕФА донесе одлука преостанатите натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа да се играат во август.

Натпреварите од Лигата на шампионите ќе се играат во Лисабон, а во четвртфиналето и полуфиналето ќе се игра само еден натпревар. Финалето е на распоред на 23-ти август, додека турнирот во Лисабон почнува девет дена претхоно.

Сега медиумите пишуваат дека сето тоа е под знак прашалник поради новото избувнување на епидемијата на коронавирус во португалската престолнина. Владата го врати карантинот за повеќето делови од таканаречениот „Голем Лисабон“.

Мерката е потребна заради вознемирувачкиот бран на нови случаи на позитивни тестови во предградијата на градот. Мерката се уште не се однесува на центарот на Лисабон.

УЕФА на 17 јуни потврди дека Лисабон ќе биде домаќин на финалето на новиот формат на Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…