Дома Фудбал Италија Откриени деталите од договорот меѓу Хакими и Интер

Откриени деталите од договорот меѓу Хакими и Интер

Главна вест на Апенините денес е трансферот на Ашраф Хакими во Интер за 40 милиони евра.

Десниот бек веќе има договор со „нероаѕурите“, а Интер и Реал Мадрид ги договараат последните детали од транасферот.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Хакими оваа сезона игра на позајмица во Борусија Дортмунд и блеска во дресот на „милионерите“ каде на 40 меча на кои постигна 9 гола и запиша 10 асистенции.

„Скај Италија“ открива дека Интер уште од месец март почнал да работи на трансферот и неодамна постигнал договор со неговиот менаџер.

Хакими со Интер ќе потпише 5-годишен договор според кој ќе заработува 5 милиони евра по сезона.

22-годишниот Мароканец беше најголема трансфер желба на тренерот Антонио Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Погледнете еден од најглупавите потези на играч на Виљареал кој им поништи сигурен гол

Во последниот натпревар од осмото коло на шпанската Примера, Виљареал со многу мака успеа …