Дома Фудбал Нова бајка во Италија, Беневенто за прв пат во Серија А.

Нова бајка во Италија, Беневенто за прв пат во Серија А.

Во Италија повторно се пишува историја, Беневенто успеа да избори пласман помеѓу најдобрите во Серија А.

Во двомечот во финалето екипата на Беневенто беше подобра од Карпи. Првиот натпревар на кој домаќин беше Карпи заврши без погодоци, додека во реваншот Беневенто запиша минимална победата од 1:0 што беше доволна за пласман на овој клуб помеѓу најдобрите во Италија.

Иначе во регуларниот дел од сезоната Беневенто заврши на петата позција.

Овој клуб е формиран во 1929 година и своите натпревари ги игра на стадион со капацитет од 12.000 гледачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нешвил на бод до трофеј, Калахан предупредува: Нема место за опуштање!

Реми во Монтреал ќе му биде доволно на Нешвил за „Сапортерс шилд“, но Би Џеј Калахан бара …