Aргентинскиот фудбалер Родриго Паласио ќе го продолжи договорот и после оваа сезона.
Паласио во последните три години од кариерата го носеше дресот на Болоња, а така ќе биде и после оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Паласио му истекуваше ова лето и без оглед на тоа што има 38 години нема намера да ја заврши кариерата. Паласио денес потпиша договор на една година и ќе ја игра својата 12. сезона во најсилниот ранг на италијанскиот фудбал.
Паласио и понатаму е важен играч на Болоња и оваа сезона постигна шест голови на 26 одиграни натпревари.
Вкупно во Италија Паласио одигра 312 лигашки натпревари и постигна 87 голови. Во оваа земја дојде во 2009 година кога од Бока Јуниорс премина во Џенова. Подоцна пет години играше за Интер во кој ги помина најдобрите денови од кариерата.
Успеа да запише и 27 натпревари за репрезентацијата на Аргентина во чиј дрес постигна три гола.