Иднината на Пјер Емерик Обамејанг во Арсенал е неизвесна и најверојатно напаѓачот ќе го напушти „Емирати“ ова лето.
Габонецот ги прекина преговорите со Арсенал за нов договор и го извести раководството дека сака да ја промени средината. Неговиот договор истекува во 2021 година, па „топџиите“ ќе мора да го продадат ова лето.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Поради тоа неговата цена ќе падне драстично и ќе биде далеку од 63 милиони евра што „топџиите“ ги платија на Борусија Дортмунд во јануари 2018 година.
Обамејанг изминатите месеци се поврзуваше со неколку европски гиганти, а последен кој се вклучи во трката за неговиот потпис е италијанскиот шампион Јувентус.
„Старата дама“ бара нов напаѓач, кој ќе може да биде замена за Игуаин, па Сари смета дека Обамејанг идеално би се вклопил со Роналдо и Дибала.
„Бјанконерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент, а Обамејанг е отворен за преселба во Торино.