Фудбалерите на Виљареал вчера ремизираа на свој терен против Севиља (2:2) во рамките од 31. коло од шпанската Ла Лига.
„Жолтата подморница“ на два пати имаше предност во овој натпревар со головите на Алкасер и Торес, но гостите успеаа да дојдат до бод. Првиот гол за Севиља го постигна Ескудеро додека ремито им го обезбеди Мунир Ел Хадади во 63. минута од натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа натпреварот во Виљареал го обележа играчот на домашниот тим Бруно Соријано кој после три години конечно се врати на терените. Соријано во игра влезе во 88. минута и на неговото лице можеше да се види дека тоа е посебен момент за него.
Unas lágrimas que emocionan.
— Fútbol en Movistar+ (@MovistarFutbol) June 22, 2020
3 años, 1 mes y un día después, ha vuelto Bruno Soriano. #VolverEsGanar pic.twitter.com/hN8u0etrsf
Овој 36 годишен дефанзивец три години се мачеше со повредите, но за среќа успеа да се опорави и конечно да заигра. Тој доби и голем аплауз од своите соиграчи кога влегуваше на терен.
„Нема да лажам, неколку пати размислував да се откажам и да ја завршам кариерата бидејќи доживеав низа разочарувања. Беше тешко, но за среќа успеав да се вратам. Многу сум среќен што заиграв повторно. И во тие пет минути колку што бев на теренот се обидов да дадам се од себе“, изјави Соријано.
Соријано целата своја кариера ја помина во дресот на Виљареал. За овој клуб дебитираше во 2006 година и во претходните години имаше понуди од други клубови, но не сакаше да го напушти клубот дури и кога Виљареал испадна од друштвото на најдобрите.
Sí, ganar es muy importante, pero que tu gente te reciba así… ?
— Villarreal CF (@VillarrealCF) June 22, 2020
¡Te lo mereces, capitán ?!
Así ha sido la ovación que se ha llevado Bruno Soriano en el vestuario tras su esperado regreso. #VuelveBruno
?????????????? pic.twitter.com/Lr78w5EY9P