Дома Фудбал Останато Ван Дер Вил: Не знам како можев да бидам толку глупав да го одбијам Баерн

Ван Дер Вил: Не знам како можев да бидам толку глупав да го одбијам Баерн

Грегори Ван Дер Вил откри дека имал прилика да го облече дресот на Баерн Минхен, меѓутоа се решил да не ја прифати понудата од германскиот гигант.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во 2010 година холандскиот бек добил одлична понуда од Баерн каде што бил неговиот сонародник Луис Ван Гал. Денес тој се кае што тогаш направил таков избор.

„Добив понуда од Баерн кога таму беше Ван Гал, но решив да останам во Ајакс. Во тоа време бев едно тврдоглаво момче и решив да не одам во Минхен. Денес си размислувам и се прашувам како сум можел да бидам толку глупав?“, призна Ван Дер Вил.

Меѓутоа далеку од тоа дека Ван Дер Вил немаше добра кариера. Тој освои две титули со Ајакс и четири со ПСЖ во Франција, а во овој момент е слободен агент. Последниот клуб за кој играше беше Торонто од Канада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …