Повредата со која се здоби Бернд Лено во саботата може да се покаже како многу сериозна, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Сан“ пренесува дека стравувањата во Арсенал се дека германскиот голман може да има скинати вкрстени лигаменти на левото колено и да отсуствува скоро една година.
Лено, кој е еден од најконстантните играчи во формацијата на Артета, беше инесен на носилки после дуелот кој го имаше со Ноел Мопе, а на негово место на голот застана Емилијано Мартинес.
Ако оваа негативна прогноза се потврди, тогаш Арсенал со сигурност ќе мора да интервенира на трансфер пазарот и да донесе нов голман. Се појавија шпекулации дека „топџиите“ можат да го донесат бившиот голман на Манчестер Сити, Џо Харт.