Maкедонскиот интернационалец Леонард Жута го раскинал договорот со Коњаспор и пронајде нов ангажман.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
27 годишниот Жута не се снајде баш најдобро во Турција каде што одигра само осум натпревари после трансферот во 2019 година. Раскинувањето на договорот помеѓу Жута и Коњаспор го искористи тимот на Хакен со кој македонскиот фудбалер потпиша договор на една година.
Ова практично е враќање на Жута во шведскиот клуб каде што играше од 2012 до 2015 година.
Жута е роден во Шведска, меѓутоа има потекло од Македонија, а настапуваше и за репрезентацијата на Македонија.
Ќе потсетиме во редовите на Коњаспор остана еден Македонец, боите на овој тим ги брани Ердон Даци.