Дома Тенис После Димитров уште тројца тенисери позитивни на корона вирус

После Димитров уште тројца тенисери позитивни на корона вирус

Откако се дозна дека Григор Димитров е заразен со коронавирус, се појави голема паника во Задар.

Беше откажано финалето на тенискиот турнир, а беа тестирани и другите учесници на турнирот.

Синоќа беа тестирани 22 лица кои беа во непосредна близина на Димитров за време на турнирот во Задар, а тројца биле позитивни.

Позитивни се Борна Чориќ, со кого Димитров играше во саботата, потоа кондицискиот тренер на Новак Ѓоковиќ, Марко Паники и Кристијан Грох, тренерот на Димитров.

Она што ги загрижува одговорните е дека Димитров исто така се дружел со децата и нивните родители и присуствувал на неколку приватни настани во Задар.

Новак Ѓоковиќ реши да не се тестира во Задар, бидејќи не чувствува никакви симптоми и ќе се јави на лекар во Белград.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ им оддаде почит на 16-те жртви од трагедијата во Нови Сад

На втората годишнина од падот на настрешницата, Новак Ѓоковиќ сподели објава во спомен на …