Дома Видео Потресна сцена на Апенините: Судијата даде знак, а тренерот не можеше да ги задржи солзите

Потресна сцена на Апенините: Судијата даде знак, а тренерот не можеше да ги задржи солзите

Фудбалот во италијанските лиги се врати овој викенд, а вчера беа на распоредот заостанатите натпревари во Серија А и Серија Б. Враќањето го одбележи потресна сцена од натпреварот Ливорно – Цитадела.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалската федерација одлучи сите натпревари да започнуваат со минута молк за починатите од коронавирусот. Италија е една од најпогодените земји во светот од оваа болест и многу луѓе останаа без своите најблиски.

Кога судијата на натпреварот Ливорно – Цитадела даде знак за минута молк, тренерот на Ливорно, Антонио Филипини не успеа да ги задржи солзите.

Пред неколку недели од коронавирус почина неговата мајка и оваа реакција е сосема разбирлива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

„Ендрик е новиот Пеле“ (ФОТО)

Еден млад навивач од трибините предизвика големо внимание со транспарент за бразилскиот та…