Дома Фудбал Останато Роналдо: Вернер? Тој е оној од Баер Леверкузен?

Роналдо: Вернер? Тој е оној од Баер Леверкузен?

Пензионираниот бразилски напаѓач Роналдо малку се посрамоти кога го прашаа што мисли за Тимо Вернер.

Оличните игри во Лајпциг Вернер го промовираа во најдобар и најскап германски напаѓач, а иако во меѓувреме Челзи го обезбеди неговиот потпис не значи дека сите слушнале за него.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот бразилски голгетер Луис Назарио Де Лима, познат како Роналдо баш и не знае многу кој е Вернер.

„Вернер? Тој е оној од Баер Леверкузен“, праша Роналдо, па додаде:

„Не сум го гледал уште како игра. Гледам многу натпревари, додуша во последно време помалку. Него се уште не сум го гледал“, искрено призна Бразилецот.

Ќе потсетиме, во четвртокот Челзи и Лајпциг го потврдија трансфер на Вернер. Челзи за неговите услуги ќе плати 55 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…