Дома Фудбал Елмас по првиот трофеј во кариерата: Ова беше магична ноќ

Елмас по првиот трофеј во кариерата: Ова беше магична ноќ

Елиф Елмас со Наполи вчера стигна до својот прв трофеј во дресот на Наполитанците.

Наполи го победи Јувентус после пенал рулетот, а Елмас беше еден од најсреќните во таборот на клубот од Неапол. По победата Елмас се огласи со порака на социјалните мрежи.

„Првиот трофеј во мојата кариера со специјален тим. Ова беше магична ноќ, со надеж дека е само првиот во долга серија“, гласеше пораката на Елмас.

Елмас можеше да биде и херој на Наполи, но немаше среќа да ја реализира големата шанса во 92. минута. (можете да ја погледнете тука)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…