Дома Фудбал Наполи и Елмас преку пенали до трофејот во Купот на Италија!

Наполи и Елмас преку пенали до трофејот во Купот на Италија!

Вечерва Јувентус и Наполи играа за трофејот во Купот на Италија.

Во првото полувреме гледавме натпревар со по неколку шанси и на двете страни. Наполи имаше еден период кога Буфон со неколку одбрани го спасуваше со својот гол, а беше погодена и стативата. Меѓутоа и Јувентус имаше свои моменти.

Во второто полувреме видовме нешто помирна игра. Најголемата шанса Наполи во регуларните 90 минути ја имаше во судиското продолжение и тоа преку нашиот Елмас. Македонскиот фудбалер влезе во последните минути и брзо се најде во 100% шанса. Сепак од идеална позиција не успеа да биде подобар од Буфон.

Следуваа пеналите, а во нив Наполи беше поуспешен и стигна до трофејот во Копа Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…