Дома Фудбал Лотито ќе го „одврзе ќесето“: Играчите на Лацио ќе добијат огромен бонус ако го освојат Скудетото

Лотито ќе го „одврзе ќесето“: Играчите на Лацио ќе добијат огромен бонус ако го освојат Скудетото

Сезоната во Серија А конечно ќе продолжи овој викенд, а во центарот на вниманието ќе биде трката за титулата.

Јувентус веќе со години доминира на Апенините, но оваа сезона Лацио е сериозен конкурент да им ги расипе плановите. Римскиот клуб после 26 одиграни натпревари има само еден бод помалку од Јувентус.

Лацио после 20 години конечно е во трка за Скудетото и поради тие за време на прекинот констатно порачуваа дека сезоната мора да се доигра. За нивна среќа Серија А ќе продолжи и Лацио ќе има шанса да се бори со Јувентус.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека претседателот на Лацио, Клаудио Лотито се одлучил дополнително да ги мотивира фудбалерите. Имено, и покрај финансиската криза поради коронавирусот во Лацио играчите ќе поделат 18 милиони евра ако бидат шампиони.

Сезоната Лацио ќе ја продолжи со тешко гостување кај Аталанта на 24. јуни, три дена подоцна ги чека натпревар дома со Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…