Кристијан Виери и Алваро Рекоба пред скоро 20 години беа ударен тандем на Интер. Двајцата и денес се добри пријатели.
Виери својата кариера ја заврши уште во 2009 година во дресот на Аталанта и од тогаш ужива во „пензионерските“ денови. Кога во прашање е Рекоба тој пред пет години заврши со играњето фудбал, а од тогаш се посвети на тренерската кариера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите на Интер вчера беа воодушевени од фотографијата која ја објави Виери на неговиот Инстаграм. Тој покажа дека со Рекоба и понатаму е добар пријател и дека се дружат кога имаат прилика.
Тие знаат да одиграат некоја партија тенис, токму после еден нивни тенски меч Виери објави фотографија која сигурно разбуди носталгија кај навивачите на Интер.