Дома Трансфер зона Милан ја доби битката за талентот на Лион

Милан ја доби битката за талентот на Лион

Италијанскиот гигант Милан го договори првото засилување за новата сезона, а станува збор за талентот на Лион, Пјер Кулулу.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кулулу е капитен  на младата француска репрезентација и важи за еден од најголемите таленти. Него му заврши договорот со Лион и реши да ја промени средината.

Милан успеа да ја победи конкуренцијата и се договори со младиот талент, кој игра на позицијата десен бек.

„Екип“ пренесува дека Паоло Малдини лично го убедил 20-годишниот Французин да се пресели на „Сан Сиро“, иако имал понуда и од Баерн Минхен.

Кулулу утре ќе пристигне во Милано на лекарски прегледи, а потоа ќе стави потпис на 5-годишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…