Ливерпул беше силно заинтересиран за напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, но „црвените“ најверојатно ја загубија битката па Германецот ќе заврши во Челзи.
Поради тоа Јирген Клоп се насочил кон други мети, а англиските медиуми пренесуваат дека сега примарна цел е ѕвездата на Барселона, Осман Дембеле.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Ливерпул започнал официјални преговори со Барселона и сакаат што поскоро да го договорат трансферот.
Разликата е што Ливерпул не е спремен да плати веднаш 60 милиони евра за Вернер, па сака да го донесе Дембеле на позајмица со можност за откуп следното лето.
Барселона е спремна за таква опција, па останува уште двата клуба да ја договорат сумата за откуп, која ќе се движи помеѓу 80 и 100 милиони евра.