Дома Останати Кошарка Кошаркар на Партизан заразен со Ковид-19, бил во контакт со Јокиќ и Ѓоковиќ

Кошаркар на Партизан заразен со Ковид-19, бил во контакт со Јокиќ и Ѓоковиќ

Кошаркарот на Партизан, Никола Јанковиќ е позитивен на вирусот Ковид-19, а во изминатиот период имал контакт со повеќе спортисти меѓу кои и големите српски ѕвезди Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ. 

Според нив, Јанковиќ во последно време се чувствувал многу лошо, имал висока температура, па му препорачале да се тестира на Ковид-19.

За жал, тестот бил позитивен па така во следните денови цел тим на Партизан ќе мора да се тестира.

За да биде ситуацијата уште полоша, Јанковиќ заедно со соиграчите присуствувал на големото фудбалско дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда, на кое имаше повеќе од 17.000 гледачи, а исто така бил во контакт и со Никола Јокиќ и Новак Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На 19 години синот на Перо Антиќ почна тренерска кариера!

Синот на македонската кошаркарска легенда и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, Лука Ант…