Откако стана јасно дека Тиаго Силва нема да го продолжи договорот со ПСЖ неколку клуба ја започнаа битката за неговиот потпис.
35-годишниот Бразилец се поврзуваше со враќање во Милан, но англиските медиуми пренесуваат дека тој би можел да направи трансфер во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Евертон покажува сериозен интерес за Тиаго Силва, а последниот клуб кој се вклучи во трката за неговиот потпис е Тотенхем.
Мурињо смета дека Бразилецот ќе биде идеална замена за Вертонген, кој ова лето ќе го напушти Тотенхем.
Мурињо веќе стапил во контакт со неговиот агент и ги започнал преговорите.