Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо изјави дека клубот ќе направи се за да ги задржи двете најголеми ѕвезди, Килијан Мбапе и Нејмар.
ПСЖ поради пандемијата и предвременото завршување на сезоната пријави загуби од 200 милиони евра, па поради тоа мораше да се ослободи на играчи со големи плати како Тиаго Силва и Едисон Кавани.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ништо не укажува дека Мбапе и Нејмар ќе го напуштат ПСЖ ова лето. Двајцата имаат договори на уште две години, ќе видиме како е најдобро да продолжиме во иднина. Мбапе е иднината на овој тим. Би било идеално да го продолжиме договорот со него“, истакна Леонардо.
„Сите го сакаат Мбапе, тој е млад, но е еден од 5-те најдобри играчи во светот. Меси веќе има 32 години, Роналдо 35, Килијан е иднината на светскиот фудбал. Ќе најдеме начин како да ги задржиме двајцата во ПСЖ уште долго време“, додаде доректорот на „светците“.