Дома Фудбал Јувентус ослабен за финалето од Купот

Јувентус ослабен за финалето од Купот

Јувентус и Наполи во среда на „Олмпико“ ќе го одмерат силите во финалето на италијанскиот Куп.

Тренерот на „старата дама“, Маурицио Сари нема да може да смета на Џорџо Киелини, Гонзало Игуаин и Арон Рамзи, кои поради повреда го пропуштија и полуфиналниот меч со Милан.

Италијанските медиуми пренесуваат дека тројцата фудбалери нема да можат да се рехабилитираат целосно до среда.

Тоа значи дека Сари најверојатно ќе излезе со истиот тим како против Милан, само под знак прашалник во стартниот тим е Пјаниќ, кој е надвор од форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Гоце Јовановиќ, долгогодишниот оперативец зад успесите на Балкан

Гоце Јовановиќ почина денеска во Скопје. Долгогодишниот генерален секретар на Балкан беше …