Дома Фудбал Меси одличен, Барселона се врати со „покер“ против Мајорка (ВИДЕО)

Меси одличен, Барселона се врати со „покер“ против Мајорка (ВИДЕО)

Барселона фуриозно ја продолжи сезоната во Ла Лига, вечерва Каталонците ја победија Мајорка со убедливи 0:4 на гостински терен.

Лидерот на табелата немаше проблеми со домаќинот, Барса до предност дојде уште во првата минута кога голот го постигна Чилеанецот Артуро Видал. Брајтвајт во 37. минута го постигна својот првенец во дресот на Барселона после асистенција од Меси. Со 0:2 Барселона замина на полувреме. Мајорка имаше неколку свои прилики меѓуто не ги искористи.

Во вториот дел видовме уште два гола во нивната мрежа. Прво Алба во 79. минута, а потоа во листата на стрелци се запиша и Меси кој претходно подели две асистенции.

За Барселона ова беше 19. победа во првенството и така ќе останат лидери и по завршувањето на ова коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…