Ако ситуацијата не се поправи, младиот дефанзивец на Лион, Пјер Калулу ќе потпише за Милан.
Овој талентиран десен бек во претходните недели имаше преговори со Лион, но очекува да го потпише првиот професионален договор со „росонерите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа ќе биде разочарување за Лион, кој без отштета ќе го загуби 20-годишното момче, кое ветува многу во кариерата, но кое наводно е псреќено затоа што го контактирал Паоло Малдини.
Легендарниот дефанзивец на „росонерите“ е директор во клубот и сака да го ангажира младиот Калулу.
Калулу играше за младинските селекции за Лион, а веќе запиша и неколку настапи за младинската селекција на Франција.