Како што пренесуваат италијанските медиуми, Интер е во преговори со талентираниот стопер на Ница Маланг Сар.
Овој 21 годишен фудбалер е производ на Ница, за првиот тим дебитираше летото 2016 година и до денес запиша 119 настапи и постигна три гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играше за сите младински селекции на Франција, а совршено се вклопува во профилот на играч кој е потребен на Интер. Игра како централен дефанзивец, подобро се служи со левата нога и може по потреба да игра како лев бек.
Познато е дека Интер бара замена за Диего Годин кој не задоволи во првата сезона и поради големата плата веројатно ова лето ќе ја промени средината.
Така клубот од Милано веќе стапил во контакт со агентот на 21 годишниот дефанзивец Федерико Пасторељо со кој имаат одлични односи бидејќи два негови клиенти играат веќе во Интер (Лукаку и Кандрева).
Интер на Сар му нуди четири години, а тој би пристигнал како слободен играч откако ќе му истече договорот со Ница.