Дома Македонски спорт Мак ракомет Oфицијално: Марко Кизиќ го продолжи договорот со Вардар!

Oфицијално: Марко Кизиќ го продолжи договорот со Вардар!

Ракометниот тим на Вардар во овој период работи со полна пареа на изградба на тимот за наредната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најнов потег од таборот на црвено-црните е продолжувањето на договорот со младиот голман Марко Кизиќ.

Ова се најавуваше веќе некое време, а сега е работата е и официјализирана. Кизиќ во минатата сезона доби шанса и во Лигата на шампионите каде што во најголем дел бранеше одлично.

Така можеме да заклучиме дека наредната сезона на голманската позиција на Вардар ќе има голема конкуренција, покра Кизиќ тука ќе бидат Борко Ристовски и новото засилување Робин Кантегрел.

Кога сме кај засилувањата Вардар покрај Кантегрел ги доведе, Јагуриновски, Георгиевски, Талески и Гаџа (не е официјално, но ракометарот потврди дека доаѓа во Скопје). Од друга страна потврдено е останувањето на Ристовски, Дисингер, Чупиќ, Калараш, Стоилов, Дибиров и Мишевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…