Дома Топ вести „Го налутив Меси, па ми кажа дека ќе ни даде седум гола“

„Го налутив Меси, па ми кажа дека ќе ни даде седум гола“

Фудбалерите на Барселона вечерва играат на гости против Малага во рамките од 28. коло во шпанската Ла Лига.

Фудбалот во Шпанија конечно се продолжи после три месеци, но јасно е дека до крајот на сезоната натпреварите ќе се играат пред празни трибини, постои можност да има само некој ограничен број во последните кола.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Вечерва Барселона игра на гости против Мајорка и се освен победа на Каталонците ќе биде изненадување во овој натпревар.

Шпанските медиуми пишуваат дека Меси за овој натпревар ќе биде посебно мотивиран затоа што во претходниот натпревар против Мајорка имал судир со тренерот на овој тим Висенте Морено.

Тој натпревар се играше на 7. декември минатата година, а Барселона славеше со 5:2. Морено во првото полувреме дојде во конфликт со Меси бидејќи го обвини дека симулира, на Аргентинецот тоа не му се допадна.

„Играчите беа лути на мене после натпреварот затоа што го налутив Меси. Беше баш лут и на полувремето во тунелот ми кажа дека ќе ни даде 7 гола. Не успеа, но ни даде три. Без дилеми тој е најдобриот фудбалер во светот. Тој е генијалец кој ќе ве воодушевува цело време. Ќе ни биде тешко без навивачи ќе се обидеме да пружиме поголем отпор“, изјави Морено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…