Вирџил ван Дајк се етаблираше во најдобар дефанзивец во светот и дефинитивно еден од најважните играчи на Ливерпул.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според весникот „Сан“, холандскиот дефанзивец ќе потпише нов, петгодишен договор со клубот од „Енфилд“, а тоа ќе се случи откако Ливерпул ќе ја потврди титулата во Англија.
Холанѓанецот, наводно, го одбил ПСЖ и сега со „црвените“ ќе потпише договор според кој ќе добива по 250.000 евра неделно.
Според новиот договор, тој би го засенил Мохамед Салах, кој моментно заработува најмногу во клубот.
Ван Дајк има 28 години и во Ливерпул пристигна во 2018 година во трансфер вреден околу 80 милиони евра.