Дома Трансфер зона Тренерот потврди: Барселона го сака аргентинскиот „вундеркид“ од „Фуерте Апаче“!

Тренерот потврди: Барселона го сака аргентинскиот „вундеркид“ од „Фуерте Апаче“!

Младиот аргентински играч за врска Тиаго Алмада се приближува до 60. настап за Велес Сарсфилд, а со својата игра привлече внимание на европските клубови како Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, а сега за него се интересира и Барселона.

Тренерот на Велез Пабло Каваљеро го потврди интересот на Каталонците.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Знам дека Барселона се распрашуваше кај нас, но знаеме и и дека има само 19 години и дека треба и понатаму да созрева. Ако дојде понуда која е доволно добра за играчот и клубот ќе ја разгледаме“.

Го сакаат и клубови од Италија.

„Не верувам дека можеме да го задржиме уште долго, едноставно нема начин. Покрај оние понуди за кои се пишува додадете тука уште една од локалниот пазар и две од Италија“, додаде член на стручниот штаб на Велес за „ЕСПН“.

Алмада за Велез дебитираше минатата сезона, а оваа веќе одигра 25 натпревари во сите натпреварувања, постигна пет голови и запиша две асистенции. Договорот со клубот му истекува во 2023 година.

Инаку тој доаѓа од „Фуерте Апаче“, опасниот кварт во Буенос Аирес кој е најпознат што на светот му го даде Карлос Тевез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…