Дома Македонски спорт Мак фудбал Стигна потврда: Градскиот стадион во Штип добива нова трибина

Стигна потврда: Градскиот стадион во Штип добива нова трибина

Штипскиот градоначалник Благоја Бочварски за локалните медиуми откри убава вест за љубителите на спортот.

Многу брзо стадиониот во Штип ќе добие современ лик. Ова ќе биде добро за македонскиот фудбал затоа што ќе добиеме уште еден стадион на кој може да се играат меѓународни натпревари.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Во овие моменти работиме да обезбедиме финансиски средства за изградба на нова трибина на „Градскиот стадион“ на местото на сегашната од кај реката Брегалница. Со новата трибина ќе се обезбеди капацитет од 6.600 места. Со тоа во Штип ќе може да се играат меѓународни натпревари“, изјави Бочварски.

Освен тоа тој потврди и дека Општината Штип ќе остане со удел од 49% акции во ФК Брегалница.

Ќе потсетиме Брегалница не успеа да се избори за место во првата македонска лига. Во моментот на прекинот првопласирана беше Беласица и таа обезбеди место во најсилната конкуренција во македонскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…