Дома Фудбал Италија Бура во Милано, Ибрахимовиќ го нападнал Газидис: Каде беше до се сега, ова не е мојот Милан!!

Бура во Милано, Ибрахимовиќ го нападнал Газидис: Каде беше до се сега, ова не е мојот Милан!!

Златан Ибрахимовиќ одлучил да се вмеша во работата на раководството на Милан.

Како што пишуваат италијанските медиуми Ибрахимовиќ го „нападнал“ извршниот директор Иван Газидис кој се појавил вчера во клубот после долго време и веднаш најавил намалување на платите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На Ибрахимовиќ не му се допаднало она што го прави Газидис и одлучил да не молчи.

„Зошто толку долго време беше надвор од клубот и сега се појавуваш на 48 часа пред полуфиналето?“, прашал Златан и додал:

„Ова не е мојот Милан, не е клубот кој беше претходно, има многу нелогичности“, порача Швеѓанецот.

После се Газидис одговорил:

„Да, вистина е. Милан не е клубот кој беше претходно, ниту по успехот, ниту по финансиите“.

Газидис набрзо ќе го претстави планот за намалување на платите кои веќе од април се намалени за 50%.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…