Maјк Тајсон одби 18 милиони долари за меч против ММА легендата Вандерлеи Силва.
„Ајрон Мајк“ имал понуда од 18 милиони долари за да влезе во рингот без ракавици против Силва, но таа понуда Тајсон ја одбил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За бразилските медиуми тоа го потврди неговиот тренер Рафаел Кордеиро.
„Тајсон се припрема за бокс меч во ракавици“, кратко порача тренерот на легендарниот боксер.
Мајк претходно најавуваше дека наскоро ќе се дознае името на неговиот противник. Најголеми се очекувањата тоа да биде Евандер Холифилд, меѓутоа засега ништо не е потврдено.
Она што е сосема јасно е дека со кој и да се бори мечот на Тајсон ќе биде од егзибиционен карактер и нема професионално да се врати во боксот.