Дома Трансфер зона Обид за популарност или навистина нешто знае? Италијански новинар најави заминување на Роналдо!

Обид за популарност или навистина нешто знае? Италијански новинар најави заминување на Роналдо!

Италијанскиот новинат Пјетро Балзано Прота тврди дека има екскулзивни информации за иднината на Кристиано Роналдо.

Овој новинар на Твитер објави дека од повеќе извори дознал дека се спрема разделба помеѓу Роналдо и Јувентус на крајот на оваа сезона во која Јувентус го напаѓа Скудетото, Лигата на шампионите и Купот на Италија.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Исто така тој порачува дека информациите не се официјални и се работи за гласини, но највува дека наскоро може да се покаже како точно она што го слушнал од неколку страни.

Роналдо во Јувентус дојде летото 2018 година и оваа сезона одигра 32 натпревари за „старата дама“, постигна 26 голови и подели 9 асистенции.

Португалецот иако има 35 години се уште е во одлична физичка форма и има влијание на екипата. Не е познато уште колку време ќе го гледаме на највисоко ниво, а веќе некое време се поврзува со клубови надвор од Европа, најмногу МЛС лигата.

Ќе видиме дали објавата овој новинар е само за популарност или пак навистина има некакви информации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Грилиш може да го напушти Манчестер Сити, познато и кој клуб сака да го доведе?

Meдимуте во Англија пренесуваат дека фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Џек Гри…