Уште нема официјални информации каде ќе се игра финалето во Лигата на шампионите. Како што стојат работите Инстанбул отпадна и сега се бара нов домаќин.
Во претходните денови се појави информација дека четвртфиналистите ќе одиграат турнир во Лисабон, но изгледа нема да биде така.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, градоначалникот на Мадрид во шпанските медиуми изјави дека престолнината на Шпанија е во преговори со УЕВА за домаќинството на Лигата на шампионите сезонава.
„Знам дека се прават аранжмани и дека градот има поддршка финалето во Лигата на шампионите да се игра во Мадрид“, изјави Хозе Луис Моралес.
Од УЕФА одбија да ја коментираат оваа изјава со краток одговор дека се размислува за неколку опции.
Конечната одлука ќе биде донесена на 17 јуни кога е закажан состанок на извршниот одбор на УЕФА. Тогаш ќе се одлучи и дали во финалето ќе има одреден број на гледачи.
Ќе потсетиме, минатогодишното финале се играше во Мадрид на „Ванда Метрополитано“, Ливерпул во него го победи Тотенхем со 2:0.