Дома Топ вести “Update” на понудата: Арсенал нуди 140 милиони евра за чудото наречено Мбапе?

“Update” на понудата: Арсенал нуди 140 милиони евра за чудото наречено Мбапе?

Напаѓачот на Монако, Килијан Мбапе, дефинитивно ќе биде ѕвезда на летниот преоден рок, а веројатно е дека доколку замине од Монако, тогаш тој трансфер ќе биде најголем во историјата на фудбалот.

Многу европски великани се вклучија во трката по потписот на тинејџерот од Монако, кој во вториот дел од сезоната ја воодушеви Европа со своите игри.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Барем засега најголема желба да го ангажира има лондонски Арсенал. Овој клуб веќе понуди 100 милиони евра, но таа понуда Монако без размислување ја одби.

Наводно, Реал и Манчестр Сити биле подготвени да издвојат 130 милиони евра за Мбапе.

Специјализираниот фудбалски портал „4-4-2“, повикувајќи се на француски L’Equipe, во вторникот објави дека конечната понуда на Арсенал ќе биде 122 милиони фунти (140 милиони евра).

Од друга страна, медиумите во Англија не веруваат во такво нешто бидејќи во минатото Арсен Венгер покажа дека е „тежок“ кога треба да се трошат пари на засилувања.

Ако Мбапе пристигне во Арсенал за 140 милиони евра, клубот за цели 100 милиони евра ќе го сруши сопствениот трансфер рекорд. Најскап фудбалер во историјата на Арсенал е Месут Озил, кој во 2013 година од Реал пристигна за 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…