Дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен уште минатото лето беше поврзуван со трансфер во Серија А, па ова лето би можел да се пресели во Италија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ловрен одлучи да остане во Ливерпул, но и оваа сезона не добива голема минутажа, па е спремен да ја промени средината.
За него најсилен интерес покажува Рома, која го сака Хрватот во случај да не го купи Крис Смолинг, кој е на позајмица од Манчестер Јунајтед.
Ловрен влезе во последната година од договорот, па Рома може да го добие за само 5 милиони евра, а му нуди плата од 3 милиони евра по сезона.