Германскиот напаѓач Тимо Вернер и дефинитивно се сели во Челзи.
„Билд“ вчера објави дека Вернер е пред потпис со „сините“, а денес „Би-Би-Си“ и потврдува дека конечен договор е постигна и сега се чека само некој од клубовите официјално да потврди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вернер се поврзуваше со Баерн и со Ливерпул, изгледаше дека е блиску до „Енфилд“ но на крајот ќе се пресели на „Стенфорд Бриџ“. После Хаким Зијеш кој ова лето ќе премине од Ајакс тој ќе биде второто големо засилување за новата сезона.
Chelsea have agreed a deal with RB Leipzig forward Timo Werner.https://t.co/ToI6UyhbXf pic.twitter.com/dGM1w8tCrS
— BBC Sport (@BBCSport) June 5, 2020
Сезонава 24 годишниот Вернер постигна 25 гола, а неодамна постигна хет-трик во натпреварот од Бундеслигата против Мајнц. Во Лајпциг пристигна во 2016 година кога дојде од Штутгарт.
Челзи на Лајцпиг за неговите услуги ќе му плати 54 милиони евра.