Денес не е лесно да се пронајде човекот кој го победи големиот шампион. Кевин Мекбрајд се занимава со својата работа и не сака внимание, задоволен е од животот.
„Работам за стручањаци за сечење дрва. Бутам стебла, викам „пази дрво“, чистам снег и слично. Добро е, ме држи зафатен. Моја работа е да ги соберам работите и да заминам“, изјави Мекбрајд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Често пати оди на боксерски евенти, но не се занимава со тренирање на борци, ниту пак се држи до претходниот живот. Исто така престана да пие, трезен е веќе цела деценија.
„Тоа е поголема борба од онаа за која зборувате (победата над Тајсон)“, зборува Мекбрајд. Но во таа борба победува како што изненадувачки победи во борбата пред 15 години.
„Тешко ми е да поверувам дека поминаа толку години“, денес тој има 47 години. Не дава премногу интервјуа, а добро се сеќава на она што се случуваше таа вечер во Вашингтон.
„Во овој момент нашата борба се споменува многу почесто затоа што сите зборуваат за негово враќање и зборуваат за последниот борец кој го победил. Ми се допаѓа тоа. Не ја гледам често нашата борба, неодамна некој објави снимка на Фејсбук. Соништата се остваруваат зарем не?“.
Кевин Мекбрајд ја заврши кариерата на Мајк Тајсон на 11 јуни 2005 година. Ако ветувањата беа одржани таа борба Мекбрајд можеше да го однесе до прилика за освојување на светската титула. И тоа Мекбрајд денес го прежалил: Голема работа е само да боксувате против Тајсон, а не пак да го победите“.
Неговата приказна почнува во јули 2004. Тогаш Тајсон го нокаутираше Дени Вилијамс, а Мекбрајд е избран како лесен противник за враќање. Се очекуваше Тајсон лесно да победи во таа борба.
„Трениравме во Масачусетс и луѓето доаѓаа само да ни кажат дека Кевин нема шанси“, изјави тренерот и менаџерот Пики Колинс.
Со покојниот Гуди Петронел, братот на светскиот шампион Стив Колинс беше задолжен да го спреми Мекбрајд за оваа борба. И се најде во главна улога.
„Во кампот работевме на умот и телото. Кевин јавно кажа дека има проблем со пиењето и затоа моравме да водиме грижа. Припремите ги започнавме во одвоени соби, но навечер можев да го видам Кевин како оди во баровите. Го запрев и го прашав што прави, а тој ми кажа дека оди да прошета. Идниот ден земавме заедничка соба. Најважно беше да го убедам дека може да го победи најтешкиот боксер во светот. Фотошопиравме фотографија на која Тајсон беше на подот, а Кевин ја слави победата. Таа фотографија стоеше до неговиот кревет и ја гледаше секоја вечер“, објасни Колинс.
Во борбата на како бура мотивираниот аутсајдер и банкротираната легенда која се бори само за да се врати после пет неславни рунди Тајсон водеше на бодови кај судиите, но брзо се заморуваше. Потоа пропадна.
„И денес се сеќавам како силно ме погоди во шестата рунда. Инстиктивно му кажав: Тоа ли е се што можеш? Во проблем си! Тогаш почна да се обидува со се и сешто. Се обиде да ми ја скрши левата рака. Брзо потоа имаше обид да ми ја гризне брадавицата“, се потсети Мекбрајд.
Пред крајот на шестата рунда Мекбрајд се потпре на Тајсон и го турна на подот.
„Сликата од Тајсон на подот беше иста како онаа која ја направивме на Фотошоп“, зборуваше Колинс.
Во тој момент Колинс му дал поддршка и на Тајсон.
„Дојдов до него и му кажав дека пред 10 години ова не би било можно. Тајсон само кратко шепна: Ти благодарам. Не ја омаловажувам победата на Мекбрајд, но во исто време беше тажно за Тајсон“, раскажа тренерот на Мекбрајд.
„Воодушевено танцував, но бев и свесен дека Тајсон не беше на врвот. Но таа вечер јас се борев со него и го победив, а потоа Мухамед Али ми пријде, зборувајќи ми дека тој е најголем, но дека јас сум последен. Каков сон“, се потсети Мекбрајд.
Таа вечер заврши кариерата на Тајсон. Мекбрајд заработи 150.000 долари и потпиша за Дон Кинг, но никогаш не доби прилика да се бори за светската титула. Изгуби шест од следните осум борби, а после борбата со алкохолот во 2011 се повлече од боксот поради недостаток на мотивација.