Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е на чекор да го донесе на „Сан Сиро“ младиот талент на ПСЖ, Танги Куаси.
Куаси наскоро ќе наполни 18 години и важи за еден од најголемите таленти во Франција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младиот дефанзивец оваа сезона се пресели во првиот тим на ПСЖ, веќе има вкупно 15 настапи, а дури и дебитираше во Лигата на шампиони.
Неговиот договор со ПСЖ истекува ова лето, па е слободен да преговара со други клубови, а медиумите тврдат дека само детали го делат од трансфер во Милан.
Куаси одби да го продолжи договорот со ПСЖ бидејќи е свесен дека нема да има голема минутажа, за него интерес покажаа многу клубови ширум Европа, но тој го избра италијанскиот гигант.