Италијанските и европските гиганти водат битка за потписот на ѕвездата на Бреша, Сандро Тонали, пренесува „Газета дело Спорт“.
Сандро Тонали важи за еден од најталентираните италијански фудбалери. Манчини му даде шанса и во сениорската репрезентација на Италија. Иако има само 19 години јасно е дека пред него е блескава иднина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Скоро сите поголеми клубови од Апенините покажаа интерес да го доведат во своите редови, меѓутоа Тонали го следат клубови и надвор од границите на Италија.
„Газета дело Спорт“ тврди дека главната битка за потписот на Тонали ја водат Интер, Милан и Јувентус, но во моментов „нероаѕурите“ се во пол-позиција за неговиот потпис.
Според последните информации Бреша е спремна на лето да го пушти својот „бисер“ за сума од 50 милиони евра, а Интер е спремен да понуди 40 милиони евра и двете страни се блиску до договор.