Дома Трансфер зона Давид Луиз го потврди заминувањето од Арсенал и го најави новиот клуб

Давид Луиз го потврди заминувањето од Арсенал и го најави новиот клуб

Давид Луиз ќе го напушти Арсенал по крајот на оваа сезона, претходно ова го најавуваа и медиумите, а сега стигна потврда и од самиот фудбалер.

Бразилецот потпиша договор на една година со Арсенал и истиот нема да биде продолжен. Луиз најави дека сака да се врати во таборот на Бенфика. Сега не е познато дали Луиз ќе остане во клубот до крајот на сезоната или пак ќе си замине на 30. јуни кога истекува неговориот договор.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Луиз потврди дека разговарал со претседателот на Бенфика, Луис Фелипе Виера.

„Разговарав со Виера за мое враќање, сонувам да ја завршам кариерата во Бенфика. Не знам кога тоа ќе се случи, меѓутоа ако претседателот дозволи и ако навивачите ме сакаат ќе се вратам. Сигурен сум дека тоа ќе биде еден од најубавите моменти во кариерата“, изјави Луиз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Чистка“ во Арсенал: Артета продава трио од 140 милиони евра?

Тимот на Арсенал има одлична сезона во која до самиот крај се бореше за титулата во Премие…