Најсилниот човек на светот Хафтхор Бјронсон драматично ослабе во претходните недели и неговото тело сега изгледа многу подобро од претходно.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бјорнсон на почетокот на мај успеа да подигне 501 килограм и од тогаш и официјално го носи епитетот најсилен човек на светот. Исланѓанецот кој е познат по ликот „Планина“ од мега популарната серија Игра на тронови за кратко време успеа да ослабе 18 килограми.
Откако на 2. мај во воздух подигна половина тон започна со подобро оформување на неговото тело, а судејќи според фотографијата не губел време.
„Телесна тежина 188 килограми. Кога го почнав ова патување тежев 206 килограми“, напиша Бјорнсон на Инстаграм.
