Пари Сент Жермен и Интер се во напредни преговори за трансферот на Мауро Икарди и се очекува наскоро да постигнат конечен договор.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека перманентниот трансфер на Мауро Икарди во ПСЖ треба да биде комплетиран од 31-ви мај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што е познато ПСЖ во договорот има опција да го откупи Икарди за 70 милиони евра, но не беше спремен да ја плати таа сума.
Наместо да ја активираат откупната клаузула ПСЖ започна преговори со Интер и испратил понуда од 50 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси.
Интер е спремен да ја прифати оваа понуда, па недостигнаат само мали детали за реализација на трансферот, бидејќи Икарди има договор со „светците“ за 10 милиони евра по сезона.
Аргентиенот одлично се вклопи во тимот на ПСЖ и оваа сезона на 28 меча постигна 20 гола, со што ја покажа својата класа.