Дома Фудбал Англија Игало сепак останува во Јунајтед до септември

Игало сепак останува во Јунајтед до септември

На крајот на овој месец договорот за позајмица на Одион Игало со Манчестер Јунајтед ќе истече и се уште не е познато дали тој ќе остане на „Олд Трафорд“ или ќе се врати во Шангај.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите вчера објавија дека Шангај му даде налог на Игало до крајот на месецот да се врати во клубот, да помине двонеделен карантин и да се врати на подготовките за продолжување на кинеската лига.

Поради тоа Манчестер Јунајтед започна преговори со Шангај, а во прилог на англискиот клуб е тоа што кинеските власти веројатно ќе забранат влез до октомври за странските фудбалери кои не се во моментов во Кина.

„Игало се чувствува многу добро во Манчестер јунајтед и е пред договор за неговата плата. Преговорите со Кинезите се одвиваат добро. Поради последните регулативи кои ќе стапат во сила во Кина исходот од преговорите мора да биде позитивен“, изјави агентот на Игало

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо одговори на критиките: Кога нема да дадам голот, велат дека сум за во пензија

Кристијано Роналдо покажа голема самодоверба пред новинарите по двата гола во победата на …