Бразилскиот дефанзивец на Шахтјор, Додо е на радарот на неколку европски гиганти, а главната битка за неговиот потпис ќе ја водат ПСЖ и Баерн Минхен.
Баерн и ПСЖ веќе подолго време ги следат настапите на десниот бек и веќе се спремни да испратат понуда до украинскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баварците веќе испратиле првична понуда од 20 милиони евра за Бразилецот, но Шахтјор не сака да ја пушти својата ѕвезда за помалку од 30 милиони евра.
ПСЖ во Додо гледа идеална замена за Томас Муние, кој е на излезна врата од клубот, па спортскиот директор Леонардо наскоро ќе испрати конкретна понуда.
Додо пристигна во Шахтјор од Коритиба во 2018 година и оваа сезона одигра 24 меча на кои постигна 2 гола.
Bayern have made a €20m bid for Shakhtar right back Dodô. PSG are also interested and inquired about the player. Shakhtar are asking for €30m to sell the Brazilian [@AlexisBernard10] pic.twitter.com/X68QMq1Ny0
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) May 24, 2020